Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Дејвид Гета опиша како си помина во Скопје

    12.09.2026 во 20:23

    Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години

    12.09.2026 во 15:51

    Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

    12.09.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Има само една банда – ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски
    • Тешка сообраќајка кај Велешта – три лица итно пренесени в болница
    • Уапсени две лица – полицијата им најде дрога
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразен
    • Сончево време со температура до 30 степени
    • ВИДЕО: Дејвид Гета опиша како си помина во Скопје
    • Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години
    • 21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Има само една банда – ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

    СДСМ: Има само една банда – ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

    13.09.2026 во 11:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шефот на организираната криминална група ВМРО, Христијан Мицкоски, вчера изрече една реченицата која ќе остане како автопортрет на оваа власт:

    „Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема…“

    Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира се.

    Нема повеќе улични банди- има партиска.

    Нема рекет од страна – рекетот сега има печат, кабинет и прес-конференција, велат од СДСМ.

    Нема повеќе провизии од Лотарија „на црно“ – има систем во кој државата е плен, 5,5 милиони евра а Лотаријата се води како приватна фирма на ВМРО-ОКГ.

    Нема повеќе марихуана економија како изговор – има монопол на лажната приказна дека криминалот исчезнал затоа што сега тие го водат. 

    Затоа пет тони марихуана поминуваат граница и царина кон сестринската СНС и Вучиќ без задржување, уште и со полициска придружба.

    Криминалот и корупцијата сега имаат име и презиме: арамија Христијан Мицкоски.

    Мицкоски не објави резултат. Објави капитулација на институциите. 

    Кога шефот на владата излегува и вели дека криминалот го нема, тоа не е биланс. Тоа е легализација на криминалот и корупцијата.

    ВМРО-ОКГ две години ја градеше државата како криминална мрежа: свои луѓе во тендери, свои луѓе во судството и обвинителството, свои луѓе во безбедност – МВР и АНБ, свои луѓе во игри на среќа, свои луѓе во енергетика, свои луѓе поставени низ целиот државен апарат.

    Потоа излегува премиерот и вели – нема банди. 

    Бандата е на власт. Нема конкуренција на улица кога улицата ја држи кабинетот.

    И додека Мицкоски ги раскажува своите економски бајки, граѓаните ги плаќаат сметките и гледаат како власта си купува слика на лажен ред, а одговорноста за аферите секогаш завршува кај претходните.

    Класичен метод на организирана криминална група: укради го наративот, па укради ги и доказите.

    Криминалот не исчезнува со изјава. Исчезнува со истрага која не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

    5,5 милиони евра од лотарија, милиони во енергетика, во јавни набавки и безбедносни служби не се ПР-теми. Тоа се канали низ кои ВМРО-ОКГ ја држи државата.

    Кој денес тврди дека „нема банди“, утре ќе тврди дека нема ни жртви.

    Нема повеќе банди.

    Има една. Се вика ВМРО-ОКГ и седи во владата.

    СДСМ ќе ја именува. Ќе ја гони политички. И нема да прифати дека Македонија е „чиста од криминал“ само затоа што шефот на бандата така рекол.

    Уште малку. Доаѓа време на вистина и правда. Граѓаните ќе ја вратат власта во свои раце, а оваа банда ќе одговара – пред независно судство и пред европско обвинителство, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразен

    13.09.2026 во 10:35

    Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

    12.09.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.