Денес ја објавуваме кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Вреди.
Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината.
Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности.
Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава Општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности.
Со оваа кандидатура нудиме кандидат со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница.
Од првиот ден, во служба на жителите на Брвеница, додаде Вреди.

