Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец
    • Откажан најавениот протест на превозниците на границите со ЕУ
    • Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството
    • Јаневска: За една недела сите ученици од „Киро Глигоров“ ќе се вратат со физичко присуство
    • Приведен прилепчанец во Охрид: При претрес во станот во кој престојувал пронајдена марихуана
    • Савески за „Пулс“: Траењето на притворот е регулирано со закон и со максимални рокови
    • Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат
    • Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец

    Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец

    11.09.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе предлог-закон за зголемување на минималната плата, најави претседателот на партијата Венко Филипче, оценувајќи дека сегашните примања не се доволни за достоинствен живот во услови на раст на цените.

    „Во овој момент минималната плата изнесува 26 илјади денари. Сметаме дека во оваа ситуација на криза, со огромна цена на горивата, практично над 100 денари за литар, оваа минимална плата е апсолутно недоволна за добар, квалитетен и достоинствен живот на работниците“, изјави Филипче.

    Тој посочи дека поскапувањето на горивата повлекло раст и на цените на другите производи, особено на храната, а со тоа се зголемила и вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Според него, над 70 проценти од работниците во земјава имаат примања меѓу минималната и просечната плата.

    Филипче побара Владата да најде средства за поддршка на работниците и компаниите, посочувајќи ги мерките што ги преземале владите предводени од СДСМ за време на ковид-кризата.

    „Платите и пензиите континуирано растеа и имаше поддршка за стопанството од над две милијарди евра. Нека најде власта начин. Кога може да се луксузира и да троши граѓански пари неотчетно и нетранспарентно, тогаш мора да најде начин и за луѓето кои не можат да го преживеат месецот“, рече Филипче.

    Тој повторно ја критикуваше Владата и за трошоците за прославата на 35 години независност, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека ја довел јавноста во заблуда со тврдењето дека за настаните не биле потрошени народни пари.

    Прочитај повеќе

    Откажан најавениот протест на превозниците на границите со ЕУ

    11.09.2026 во 13:18

    Јаневска: За една недела сите ученици од „Киро Глигоров“ ќе се вратат со физичко присуство

    11.09.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.