Премиерот Христијан Мицкоски повика државната химна да се интонира во училиштата во сите општини, без разлика на етничката структура на населението, нагласувајќи дека тоа прашање е јасно регулирано со Уставот и законите.
„Има закон како се регулира тоа и согласно законот може да се интонира химна на друга држава доколку се интонира и државната химна“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека државната химна, согласно законските одредби, може да се интонира со пеење или со слушање и дека околу нејзиниот статус, како што рече, нема никаква дилема.
„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, рече премиерот.
Мицкоски додаде дека и интонирањето химни на други држави е регулирано со закон и дека, доколку се почитуваат законските правила, не треба да има никакви проблеми.

