Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови правила за влез во Шенген: ETIAS станува обврска за македонските граѓани
    • ВИДЕО: Пожарот во Шутка пеплоса повеќе дуќани
    • Димитриеска-Кочоска: Мора да го сочуваме инвестицискиот циклус, економијата се движи по добра траекторија
    • Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка
    • Полицијата упадна во дом во Куманово и пронајде хероин: Уапсен 53-годишен маж
    • СДСМ: Мицкоски ужива во луксуз и пари додека народот едвај врзува крај со крај
    • Последниот ден горештини: Викендов доаѓа есента
    • СДСМ: Виновниците за трагедијата во Кочани излегуваат на слобода – така изгледа правдата со Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила за влез во Шенген: ETIAS станува обврска за македонските граѓани

    Нови правила за влез во Шенген: ETIAS станува обврска за македонските граѓани

    11.09.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските граѓани кои патуваат во земјите од Шенген зоната се соочуваат со значајни промени на европските гранични премини. Покрај Европскиот систем за влез и излез (EES), се воведува и ETIAS — електронско одобрение кое ќе мора да се обезбеди пред тргнување на пат.

    ETIAS не претставува класична виза, туку електронска авторизација за краткорочни патувања наменета за државјаните на земјите со безвизен режим.

    Според предвидениот модел, авторизацијата ќе чини 20 евра. Од плаќање на оваа такса ќе бидат ослободени лицата помлади од 18 и постари од 70 години, но и за нив останува обврската за поднесување апликација и поседување важечко одобрение.

    Одобрениот ETIAS ќе биде електронски поврзан со пасошот и ќе важи до три години или до истекувањето на патната исправа. Во тој период се овозможуваат повеќекратни патувања, при што и понатаму важи ограничувањето за престој од најмногу 90 дена во прозорец од 180 дена.

    Една од клучните новини е што превозниците ќе имаат обврска уште пред почетокот на патувањето да проверат дали патникот поседува одобрение, што значи дека без него нема да биде овозможено качување во автобус или авион.

    Аплицирањето ќе се одвива преку интернет со пополнување лични податоци, информации од пасошот и одговори на безбедносни прашања. По податоците ќе следува автоматска проверка низ европските информациски системи.

    Важно е да се прави разлика меѓу двата система: ETIAS е претходна авторизација што се обезбедува пред патувањето, додека EES се однесува на дигиталната биометриска евиденција за влез и излез која се врши директно на самите гранични премини.

    Од надлежните потсетуваат дека добиениот ETIAS сам по себе не гарантира автопатски влез во ЕУ, бидејќи конечната одлука и понатаму ја носат граничните служби при контролата.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Пожарот во Шутка пеплоса повеќе дуќани

    11.09.2026 во 10:24

    Димитриеска-Кочоска: Мора да го сочуваме инвестицискиот циклус, економијата се движи по добра траекторија

    11.09.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.