Стевчо Јакимовски сè уште се наоѓа во затворот „Скопје“, иако Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената осудителна пресуда против него и предметот го врати на повторно судење.
Причината е што одлуката на Врховниот суд сè уште не е доставена во писмена форма до сите странки во постапката, вклучително и до затворот.
„Сè додека сите страни не ја добијат писмената одлука, вклучувајќи го и КПУ Скопје, Јакимовски ќе остане во затвор“, изјавил неговиот адвокат Виктор Цветковски.
Врховниот суд на 9 септември го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, ги укина одлуките на Кривичниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно постапување.
Со доставувањето на писмената одлука треба да се создадат услови Јакимовски да биде пуштен на слобода додека трае новата постапка.

