Четириесет и шестгодишен жител на Куманово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патниот правец Велес – Штип.
Несреќата се случила во близина на клучката за селото Дорфулија, во општина Лозово.
Според првичните информации, тој управувал автомобил „Шкода Фабија“, кој од засега непознати причини излетал од коловозот.
Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата.
По наредба на надлежните органи, телото на починатиот е предадено на обдукција.
На местото на несреќата бил извршен увид, а надлежните институции ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до несреќата.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

