Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 30 до 35 степени, додека утринските се спуштија меѓу 12 и 18 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во главниот град ќе се движи од утрински 18 до максимални 34 степени.
Синоптичарите најавуваат поголема промена за за време на викендот, кога под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер со брзина над 40 km/h.
Од сабота температурите ќе бидат во осетно опаѓање, по што до средината на следната седмица ќе следува период на релативно стабилно и значително посвежо време.

