Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните премини кон ЕУ од 14 септември
    • Вооружено разбојништво во Скопје: Со пиштол ограбена обложувалница во Ѓорче Петров
    • Мицкоски: Идната година ќе ги пуштиме првите километри од автопатот Прилеп – Битола
    • Мицкоски: За две години влегоа 1,4 милијарди евра странски инвестиции, тоа е двојно повеќе од претходната власт
    • Филипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?
    • Муцунски оствари дипломатски средби со амбасадорите на Чешка, Италија, Шпанија и Кувајт
    • Скопјанец пријавен за измама: Земал товарно возило од 11.000 евра од жители на Шипковица, а не го платил
    • Мицкоски: Има грешки но денес се живее подобро од пред 3 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните премини кон ЕУ од 14 септември

    Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните премини кон ЕУ од 14 септември

    10.09.2026 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавуваат целосен прекин на товарниот сообраќај и блокада на граничните премини кон Европската Унија од 14 септември, доколку не се најде решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

    Балканските превозници со месеци алармираат за штетните последици од правилото „90 дена во 180 дена“, коешто го ограничува престојот во Шенген-зоната за граѓаните од земјите надвор од ЕУ. Нивното главно барање е воведување посебен режим за професионалните возачи, бидејќи нивниот престој е за работни обврски и меѓународен транспорт, а не за туристички цели.

    Во Србија блокадата на преминот е веќе потврдена, а кон акцијата се приклучуваат и превозниците од Македонија, БиХ и Црна Гора.

    Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ, истакна дека нивна желба не е да дојде до блокада, но дека компаниите веќе се соочуваат со сериозен дефицит на кадар кој има право на влез во ЕУ.

    Според Мандиќ, граничните контроли се дополнително застрожени и возачите се враќаат дури и за прекорачување од само еден ден.

    „Практично остануваме без возачи и самите сме блокирани, бидејќи не можеме да работиме“, изјави Мандиќ.

    Тој признава дека евентуалната блокада ќе им предизвика финансиска штета и на самите превозници, но смета дека без дополнителен притисок проблемот нема да биде решен доволно брзо.

    Оваа реакција следува откако на 31 август транспортните здруженија организираа протести пред претставништвата на ЕУ во Скопје, Белград, Сараево и Подгорица. Македонските превозници тогаш предупредија дека без привремено решение, следниот чекор се токму границите.

    Евентуалната блокада на товарниот сообраќај може да предизвика доцнење на испораките, високи дополнителни трошоци за компаниите и сериозни прекини во синџирите на снабдување.

    Прочитај повеќе

    Вооружено разбојништво во Скопје: Со пиштол ограбена обложувалница во Ѓорче Петров

    10.09.2026 во 13:23

    Мицкоски: Идната година ќе ги пуштиме првите километри од автопатот Прилеп – Битола

    10.09.2026 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.