Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Прославата на независноста е една голема проневера
    • Хорор: Татко присилил 10-годишен син да пука во негов бизнис партнер во двор на црква кај Обреновац
    • Велјановски: ДЗР утврди дека само 0,12% од средствата за Коридорите 8 и 10д биле за градба, ЈО да отвори истрага
    • Тошковски и Клековски со UNODC: Нов пристап и соодветен третман во борбата против трговијата со дрога
    • Инцидент на струшкото крајбрежје: Албански држајванин ја натепал партнерката
    • Дрон за малку ќе го удрел авионот на Зеленски при полетувањето од Молдавија
    • Измерени температурите во 11 часот: Во Гевгелија најтопло, на Попова Шапка најсвежо
    • Инцидент со авионот на Трамп – се активирал тобоган за евакуација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Прославата на независноста е една голема проневера

    Филипче: Прославата на независноста е една голема проневера

    10.09.2026 во 12:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата дека прославата за 35 години независност била организирана со народни пари и дека станува збор за, како што рече, „голема проневера“.

    Филипче го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја излажал јавноста со тврдењето дека за прославата не бил потрошен ниту еден денар од Буџетот.

    „Лагите не можат да се кријат предолго. Може да лажете за да дојдете на власт, може на почетокот на мандатот да лажете за да останете на власт, но тоа не може да го правите вечно“, рече Филипче.

    Тој се повика на одлука од 167. седница на Владата, со која, според него, Државна лотарија, акционерско друштво во целосна државна сопственост, била задолжена да ја организира прославата.

    „Парите со кои располага тоа претпријатие се пари на граѓаните, не на приватни компании и не на некакви донатори“, изјави Филипче.

    Лидерот на СДСМ тврди дека за организацијата на прославата биле предвидени пет милиони евра и праша зошто премиерот тврдел дека не се потрошени народни пари.

    „Зошто беше потребно премиерот да лаже и да кажува дека не се потрошени ниту еден денар народни пари за оваа прослава?“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: ДЗР утврди дека само 0,12% од средствата за Коридорите 8 и 10д биле за градба, ЈО да отвори истрага

    10.09.2026 во 12:20

    Тошковски и Клековски со UNODC: Нов пристап и соодветен третман во борбата против трговијата со дрога

    10.09.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.