Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Велјановски: ДЗР утврди дека само 0,12% од средствата за Коридорите 8 и 10д биле за градба, ЈО да отвори истрага
    • Тошковски и Клековски со UNODC: Нов пристап и соодветен третман во борбата против трговијата со дрога
    • Инцидент на струшкото крајбрежје: Албански држајванин ја натепал партнерката
    • Дрон за малку ќе го удрел авионот на Зеленски при полетувањето од Молдавија
    • Измерени температурите во 11 часот: Во Гевгелија најтопло, на Попова Шапка најсвежо
    • Инцидент со авионот на Трамп – се активирал тобоган за евакуација
    • Вучиќ најави производство на балистички ракети со долг дострел во Србија за една година
    • Тешка работна несреќа во Виница: Се превртел камион при истовар, работник заврши во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велјановски: ДЗР утврди дека само 0,12% од средствата за Коридорите 8 и 10д биле за градба, ЈО да отвори истрага

    Велјановски: ДЗР утврди дека само 0,12% од средствата за Коридорите 8 и 10д биле за градба, ЈО да отвори истрага

    10.09.2026 во 12:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, денеска излезе со барање Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за изградбата на Коридорите 8 и 10д.

    Според ревизорскиот извештај, за проектот во должина од 108 километри и проценета вредност од 1,3 милијарди евра, заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на фактичка градба, што забележува сериозно отстапување од планираната динамика.

    Велјановски посочи дека ревизорите констатирале и слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и плаќање на милионски провизии за неповлечени средства.

    „Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? Каде и за што се трошеле парите? Зошто се доцнело со реализацијата? Кој бил задолжен да ја контролира динамиката и трошењето на средствата? И зошто државата плаќала милионски провизии додека средствата останувале неповлечени, а проектите доцнеле?“, праша Велјановски.

    Тој додаде дека денеска има видлив напредок на терен на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, посочувајќи дека на Гостивар–Букојчани напредокот изнесува речиси 60 проценти.

    Сепак, според пратеникот, сегашната изградба не ја Брише претходната одговорност.

    „Затоа бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР. Да ги испита до договорот, исплатите, провизиите и динамиката на реализација, и да утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за управувањето и контролата на проектот“, нагласи Велјановски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Власта задоцни со превенцијата од западнонилска треска, прв случај регистриран и во Свети Николе

    10.09.2026 во 11:08

    СДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?

    10.09.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.