Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта задоцни со превенцијата од западнонилска треска, прв случај регистриран и во Свети Николе

    СДСМ: Власта задоцни со превенцијата од западнонилска треска, прв случај регистриран и во Свети Николе

    10.09.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе, велат од СДСМ.

    „Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи.

    Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.

    СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска.

    Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

    Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира.

    Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар.

    Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

    Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците.

    Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар.

    Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

    Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.