Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна
    • Дневен хороскоп: Венера во Скорпија носи страст, Младата Месечина во Девица отвора нови можности
    • ИЈЗ: Осуммина починати од западнонилска треска, регистрирани 58 случаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита
    • ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот раст од 4,3 проценти е резултат на силниот скок во инвестициите и градежништвото
    • ЦУК: Избувнаа 31 пожари, се уште гори во Струга, Македонски Брод и Чучер – Сандево
    • СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања
    • СДСМ: Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ИЈЗ: Осуммина починати од западнонилска треска, регистрирани 58 случаи

    ИЈЗ: Осуммина починати од западнонилска треска, регистрирани 58 случаи

    10.09.2026 во 09:58Updated:10.09.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заклучно до 8 септември, во земјата се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни, додека досега починале осум лица, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај.

    Во текот на изминатата недела (2-8.9.2026) пријавени се два нови случаи од Скопје и Свети Николе, а регистрирани се и два нови смртни исходи кај пациенти од Скопје.

    Сите починати се мажи од Скопје со просечна возраст од 71,9 година. Сите биле хоспитализирани, а седуммина од нив имале претходни коморбидитети.

    Од вкупниот број заболени (58), мнозинството се мажи (46), додека 12 се жени. Според местото на живеење, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е забележан во Велес, Куманово и Свети Николе. Според епидемиолошките податоци, 57 се автохтони случаи, а еден е со историја на патување во Грција, иако инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

    Во однос на возраста, најзасегнати се лицата над 60 години — вкупно 47 пациенти (81,0%). Седуммина се на возраст од 50 до 59 години, едно лице е на возраст од 30 до 39 години, а три лица се на возраст од 20 до 29 години. Просечната возраст на сите заболени изнесува 66,1 година.

    Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените (38 лица или 65,5%) е регистриран во текот на август. Кај 17 случаи симптомите се појавиле во јули, кај два во јуни, а кај еден случај во мај.

    Сите 56 заболени со невроинвазивна форма на болеста биле хоспитализирани — 55 на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во приватната болница „Аџибадем Систина“. Досега се испишани 43 лица (76,8% од хоспитализираните), додека пет пациенти сè уште се наоѓаат на болничко лекување.

    Од ИЈЗ потсетуваат дека вирусот за првпат е регистриран во Македонија во 2011 година, при што од тогаш до крајот на 2025 година биле потврдени вкупно 54 случаи и пет смртни исходи. Во 2026 година е забележано значително зголемување и на бројот на заболени и на починати лица во споредба со претходните години.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита

    10.09.2026 во 09:56

    ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот раст од 4,3 проценти е резултат на силниот скок во инвестициите и градежништвото

    10.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.