Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита
    • ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот раст од 4,3 проценти е резултат на силниот скок во инвестициите и градежништвото
    • ЦУК: Избувнаа 31 пожари, се уште гори во Струга, Македонски Брод и Чучер – Сандево
    • СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања
    • СДСМ: Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“
    • Денеска ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
    • Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена
    • Времето денеска сончево и топло до 35 степени, попладне пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Кисела Вода со низа инвестиции во образованието, спортот и социјалната заштита

    10.09.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области  од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита. Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема.

    ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар.

    Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците.

    Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава.

    За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи.

    Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара.

    Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината.

    Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот раст од 4,3 проценти е резултат на силниот скок во инвестициите и градежништвото

    10.09.2026 во 09:51

    СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања

    10.09.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.