Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02

    Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш елитата ќе си замине

    09.09.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања
    • СДСМ: Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“
    • Денеска ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
    • Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена
    • Времето денеска сончево и топло до 35 степени, попладне пресврт
    • Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
    • Маж од Струга прјавил дека е киднапиран, а сега ќе одговара бидејќи лажел
    • Женска тепачка по претходна расправија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања

    СДСМ: Мицкоски планира уште нови задолжувања

    10.09.2026 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Покрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години – како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања, стои во соопштението од СДСМ.

    „За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра.

    Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра.

    Сè ова заради лично богатење и останување на власт.

    Мицкоски дал налог за нови задолжувања.

    Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори – преку криминални тендери.

    Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите.

    Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори.

    Се спомнува пролет – како веќе договорен термин со ДУИ.

    Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами.

    Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови.

    Статистиката повеќе не му поминува.

    Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници.

    Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо – наскоро.

    Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“.

    Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“.

    Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа.

    Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт.

    По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор – Вучиќ.

    Мицкоски е прочитан.

    Народот не е наивен.

    Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро.

    Доаѓа пролет.

    А тогаш сè се менува.

    Граѓаните тоа веќе го знаат.

    Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација.

    Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“

    10.09.2026 во 09:19

    СДСМ: Парите на Државната лотарија се народни пари, нема „нула денари“

    09.09.2026 во 19:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.