Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Парите на Државната лотарија се народни пари, нема „нула денари“
    • До 18 часот 24 пожари на отворен простор: Осум се активни
    • И денеска има прекини во британскиот воздушен сообраќај, за два дена откажани вкупно над 2.000 летови
    • Македонското Собрание домаќин на регионална конференција за парламентарен надзор на патот кон ЕУ
    • Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
    • СДСМ: Мицкоски – баш арамија
    • МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика
    • Маж снимен  како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Парите на Државната лотарија се народни пари, нема „нула денари“

    СДСМ: Парите на Државната лотарија се народни пари, нема „нула денари“

    09.09.2026 во 19:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно? Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи? Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари“ од буџетот. Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании“, се вели во соопштението од СДСМ.

    Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата – лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.

    Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.

    Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните.

    Нема „нула денари“.

    Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг.

    Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци – има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“.

    Мицкоски, граѓаните не се идиоти.

    Гледаат каде одат парите.

    И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага, стои во реакцијата на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски – баш арамија

    09.09.2026 во 18:13

    СДСМ: Мицкоски кога ќе ја отвори устата – лаже

    09.09.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.