Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инспекторите за една недела изрекоа глоби од над 2 милиони денари: Издадени се 80 платни налози

    Инспекторите за една недела изрекоа глоби од над 2 милиони денари: Издадени се 80 платни налози

    09.09.2026 во 15:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 464 инспекциски надзори биле спроведени на територијата на државата во периодот од 31 август до 6 септември, при што инспекциските служби констатирале повеќе прекршувања и издале 80 прекршочни платни налози.

    Вкупната вредност на изречените парични казни во овој период надминува 2 милиони денари, односно достигнува 2.018.997 денари.

    Според податоците од контролите, најголем број надзори беа извршени во согласност со Законот за трговија — вкупно 115. По нив следуваат контролите за финансиска дисциплина, каде што при 102 извршени надзори инспекторите издале 28 прекршочни платни налози.

    Засилени контроли се забележани и во угостителскиот сектор. Од извршени 35 надзори во овој сектор, инспекторите издале дури 20 платни налози за утврдени неправилности.

    Во однос на почитувањето на Законот за заштита од пушењето, беа спроведени 11 контроли, при што беа изречени шест казни.

    Покрај овие сектори, инспекциските служби констатираа неправилности и при надзорите поврзани со вршење нерегистрирана дејност.

    Прочитај повеќе

    Жена нападната од сопругот со кој се разведува

    24.10.2026 во 15:38

    Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

    24.10.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.