Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 години
    • Тешко повреден хрватски државјанин откако со возило излетал од пат во охридско Мешеишта
    • Поскапеа кафеаните
    • Против Бајрами се водат уште четири постапки
    • Лажно пријавил дека бил грабнат со пиштол во Струга – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишник
    • Приведен тинејџер од Битола – Управувал работна машина без возачка дозвола
    • Чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар – приведен жител од с. Гајре
    • Битолчанка со нож го нападнала татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 години

    Штерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 години

    09.09.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За само две години, премиерот Христијан Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу четири милијарди евра нов долг, изјави Кети Штерјова на денешната прес-конференција на СДСМ.

    Од опозициската партија посочуваат дека вкупните задолжувања на сите влади во изминатите 35 години независност изнесуваат околу осум милијарди евра, што значи дека сегашната власт за кус период направила половина од тој износ.

    „Ова е економска неодговорност – опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните. Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра“, рече Штерјова.

    Според СДСМ, овие средства не се искористени за подобрување на животниот стандард, за развојни мерки или за капитални инвестиции.

    „Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ – во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација. И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија“, порачаа од опозицијата.

    Штерјова додаде дека, спротивно на изјавите за стабилизирана економија, нивото на цените во последните две години е зголемено за 7 проценти, а синдикалната кошничка е поскапена за 10.000 денари.

    „Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна“, додаде таа.

    Од СДСМ заклучија дека новиот долг нема да донесе подобар живот за граѓаните, туку повисоки цени и дополнително оптоварување на домашниот буџет.

    „Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден. Четири милијарди евра нов долг за само две години – а граѓаните немаат подобар живот. Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард. Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува“, изјави Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Жерновски: Мицкоски нема никаков резултат, му остана само кампањата за поделби и навреди кон граѓаните

    09.09.2026 во 11:48

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Мицкоски не ве спомена, самите се пронајдовте во терминот „талог“

    09.09.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.