Против Перпарим Бајрами веќе се води судска постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, а за него е активна и мерка притвор, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Постапката се води по претходно поднесено обвинение, а предметот во моментов е пред суд.
Дополнително, во ОЈО Скопје се водат уште четири постапки против Бајрами за истото кривично дело.
Во тие предмети се прибираат докази и се вршат вештачења.
Од Обвинителството засега не соопштуваат повеќе детали за дополнителните постапки.

