Зимското сметање на времето годинава ќе започне на 25 октомври, кога стрелките на часовникот во 3 часот ќе се вратат еден час наназад, на 2 часот, стои во официјалната одлука на Европската Комисија.
Со тоа ќе заврши летното сметање на времето, а денот практично ќе биде еден час подолг.
Иако Европскиот парламент уште во 2019 година поддржа укинување на сезонското поместување на часовникот, земјите-членки не постигнаа договор кое време да остане трајно.
Поради тоа, практиката со поместување на часовникот двапати годишно продолжува и понатаму.
Македонија го следи европското правило според кое летното сметање на времето започнува последниот викенд во март, а зимското последниот викенд во октомври.

