Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен екс-директорот на Лотарија, Бајрами – сам се предаде на полицијата по една година во бегство
    • Груевски со честитка за 8 Септември: „Нека е вечна и просперитетна татковината“
    • Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности
    • Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста
    • Прегазен пешак во Прилеп
    • Приведена свекрва од Теарце – ја нападнала снаата
    • Семејна драма во гостиварско: Си ги нападнал братот и снаата под дејство на алкохол
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведен екс-директорот на Лотарија, Бајрами – сам се предаде на полицијата по една година во бегство

    Приведен екс-директорот на Лотарија, Бајрами – сам се предаде на полицијата по една година во бегство

    09.09.2026 во 09:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше во бегство и недостапен за надлежните органи, утрово сам се предал и е лишен од слобода.

    Бајрами е меѓу главните осомничени во случајот за злоупотреби во „Државна лотарија“, за кој беше распишана и меѓународна потерница. Покрај него, во истиот предмет е опфатен и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

    Официјални детали од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на денот.

    Покрај Груби и Бајрами, на листата обвинети во овој случај се наоѓаат уште шест лица: Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

    На судското рочиште што се одржа неделава, сите присутни обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Исклучок беше обвинетиот Башким Авдиу, кој посочи дека не го разбира обвинението и побара тоа да му биде доставено во писмена форма на неговиот мајчин, албански јазик.

    Обвинението, застапувано од јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, ги товари обвинетите за дејствија преземени во текот на 2023 и 2024 година. Според ОЈО, со пречекорување на службените овластувања и проневера е предизвикана материјална штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

    Прочитај повеќе

    Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка

    08.09.2026 во 15:06

    Прегазен пешак во Прилеп

    08.09.2026 во 14:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.