Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата со оптимизам за економијата: Инфлацијата во август падна на 2,6 проценти, пониска е и од еврозоната

    Владата со оптимизам за економијата: Инфлацијата во август падна на 2,6 проценти, пониска е и од еврозоната

    07.09.2026 во 15:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Годишната стапка на инфлација во август 2026 година се спушти на 2,6 проценти, што покажа продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија, соопштија денеска од Владата.

    Споредбено, во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесуваше 16,8 проценти, што според владиното соопштение покажа колку значително е намален инфлацискиот притисок во однос на периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен ценовен раст.

    Особено значајна е споредбата со европските економии. Според досега објавените податоци на Евростат, инфлацијата во еврозоната во август се проценува на 3,3 проценти, наспроти 2,6 проценти во Македонија. Во јули инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,9 проценти, додека во Македонија беше 2,3 проценти. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од еврозоната, потенцираат од Владата.

    Според европската статистичка служба Евростат, пониска стапка од македонската во август имаат само Финска (2,4%), Малта (1,9%) и Естонија (1,3%). За разлика од нив, повисока инфлација бележат Бугарија со 5,1%, Шпанија со 4,5%, Белгија со 4,2%, Хрватска и Грција со по 3,7%, Словенија со 3,4%, Италија со 3,2% и Германија со 2,9%.

    Овие податоци се особено важни ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9 проценти во јули на проценети 3,3 проценти во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3 проценти. Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво, потенцираат од Владата.

    Покрај тоа, од Владата го истакнуваат и растот на индустриското производство во јули за 1,3 проценти на годишно ниво, односно за 0,9 проценти во првите седум месеци од годинава.

    Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната. Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст. Од инфлација од 16,8 проценти во август 2022 година до 2,6 проценти во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост, се нагласува во владиното соопштение.

    Од „Илинденска“ заклучуваат дека македонската економија се стабилизира, а позитивните показатели даваат основа овој тренд да продолжи и во следниот период.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.