Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузманоска: Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања од времето на СДСМ и ДУИ

    Кузманоска: Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања од времето на СДСМ и ДУИ

    07.09.2026 во 12:062 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени финансиски обврски во периодот кога на власт беа СДСМ и ДУИ, изјави на денешната прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Кузманоска истакна дека долговите што доаѓаат за наплата не се создадени од сегашното парламентарно мнозинство, туку се наследство од претходното раководство.

    „Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра. Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра. Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија. Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг“, рече Кузманоска.

    Таа ги спореди сегашните економски показатели со оние од јуни 2024 година, нагласувајќи дека јавниот долг бележи намалување како процент од бруто-домашниот производ (БДП).

    „Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од БДП. Денес јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП. Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме. Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти“, додаде пратеничката.

    Кузманоска ја заврши прес-конференцијата со упатување прашања до опозицијата за трошењето на јавните средства.

    „Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години? За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија? Не сме исти. Разликата е евидентна“, заклучи Кузманоска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.