Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите ширум државата регистрирани претпладнево во 11 часот.
Највисока температура во овој термин е измерена во Гевгелија, каде живата на термометарот достигна 33,1 степен.
Тропски температури над 30 степени предпладнево се регистрирани и во Демир Капија (31,3 степени) и во Струмица (30,2 степени).
Високи температури се бележат и во Кавадарци каде се измерени 29,4 степени, како и во Скопје, каде на мерната станица Зајчев Рид се регистрирани 29,2 степени, а во Скопје-Петровец 28,8 степени.
Во Велес во 11 часот се измерени 28,4 степени, во Штип 27,9, а во Тетово 27,4 степени.
Посвежо претпладнево е единствено на повисоките планински места, каде на Попова Шапка се измерени најниски 16,5 степени, во Крушево 21,6, додека во Маврови Анови се регистрирани 23,4 степени.
Во останатите градови температурите се движат од 24,9 степени во Претор, 25,3 во Виница, 25,6 во Берово, 25,9 во Охрид, 26,0 во Прилеп, до 26,7 степени во Крива Паланка.

