Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ескалација во Персискиот Залив: Американските сили погодија три ирански танкери кај островот Харг

    Ескалација во Персискиот Залив: Американските сили погодија три ирански танкери кај островот Харг

    06.09.2026 во 12:252 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силни експлозии се отекнаа во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот Залив, еден од клучните нафтени центри во земјата, по воена размена на оган меѓу американските и иранските сили.

    Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нивните сили погодиле три ирански танкери за нафта. Оваа акција следуваше како директен одговор откако иранската Револуционерна гарда испали балистички ракети кон два брода на американската морнарица.

    Иранската новинска агенција Тасним објави дека еден од танкерите бил погоден со четири американски ракети во областа каде што бил закотвен во близина на островот Харг. Според локални извори, екипажот на танкерот бил навремено евакуиран и нема жртви во нападот.

    Агенцијата Фарс претходно пренесе изјава од свој дописник од островот Харг, кој потврди дека се слушнале силни експлозии од правец на Заливот, но без видлив чад на самиот остров.

    Според американските извештаи, во иранскиот ракетен напад врз нивните воени бродови нема повредени американски војници.

    По нападот врз танкерите, иранската Револуционерна гарда упати закани за интензивирање на нападите врз американските воени бродови во регионот.

    Иранските власти дополнително соопштија дека мета на нивен напад биле три танкери кои користеле неовластени рути во Ормутскиот теснец, како и три други бродови поврзани со САД во други области.

    Островот Харг има стратешка важност за Техеран, имајќи предвид дека низ овој терминал минуваа околу 90 проценти од целокупниот извоз на сурова нафта од Иран.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата

    22.10.2026 во 23:01

    Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи

    22.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.