Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    (ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Ја завршивме реконструкцијата на старата чаршија, продолжуваме со поддршка за општините

    05.09.2026 во 14:40

    Полицијата во шок откако при контрола стопирале „Форд“ со дебарски регистарски ознаки

    05.09.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија го потресе светот: Пожар избувна на свадба – загинаа 22 лица
    • Прославата на годишнината се претвори во трагедија: Три лица избодени до смрт во јапонска слаткарница
    • Дневен хороскоп: Месечината во Рак носи мирна енергија и поддршка за сите знаци
    • Кузманоска: Економскиот раст во првите 8 квартали на оваа Влада е 3,55%, а во време на СДСМ беше 2,6%
    • Младеновска: Дали уапсениот владин возач е само продолжена рака на Игор Јанушев?
    • Младеновска: Македонија е прва во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска, Владата задоцни со реакцијата
    • Притвор за владиниот возач – барал 1.500 евра за вработување пожарникар во Град Скопје
    • МВР се огласи за приведениот возач во Владата – фатен е со обележани пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија го потресе светот: Пожар избувна на свадба – загинаа 22 лица

    Трагедија го потресе светот: Пожар избувна на свадба – загинаа 22 лица

    06.09.2026 во 12:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 22 лица го загубија животот, а неколку други се повредени во страшен пожар што избувна за време на свадбена забава во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго.

    Информацијата ја потврди градоначалникот на општината Лингвала, Норберт Мусинга.

    Според неговите изјави за медиумите, сегашниот број од 22 загинати е привремен и постои опасност тој дополнително да се зголеми.

    Причините за избувнувањето на пожарот засега сè уште не се познати и се предмет на истрага.

    На местото на несреќата излезе заменик-премиерот и министер за внатрешни работи на Конго, Жакмен Чабани.

    „Ова е трагедија“, изјави Чабани при посетата на локацијата каде што се случи инцидентот.

    Смртоносните пожари се честа појава во густо населените делови на Киншаса, каде што брзиот урбан развој честопати не е проследен со соодветна инфраструктура и противпожарни служби.

    Локалните медиуми исто така забележуваат дека ваквите инциденти дополнително се зачестени за време на сувата сезона, какви што веќе се забележани неколку во земјата во текот на оваа година.

    Прочитај повеќе

    Прославата на годишнината се претвори во трагедија: Три лица избодени до смрт во јапонска слаткарница

    06.09.2026 во 12:16

    Крај на олеснувањата за EES: Од денеска нови правила на европските граници

    06.09.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.