Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Ја завршивме реконструкцијата на старата чаршија, продолжуваме со поддршка за општините

    (ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Ја завршивме реконструкцијата на старата чаршија, продолжуваме со поддршка за општините

    05.09.2026 во 14:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на Гевгелија истакна дека реконструкцијата на старата чаршија е уште еден реализиран проект и најави продолжување на поддршката за сите општини во државата.

    Мицкоски посочи дека Владата останува посветена на поддршката на локалната самоуправа без разлика на партиската припадност.

    „Добар ден од мене, Немам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме. Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава“, рече премиерот.

    Тој изнесе податоци за досегашните финансиски вложувања на Владата во капитални инвестиции на општинско ниво.

    „До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат. Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните“, соопшти Мицкоски.

    Премиерот упати благодарност и честитки до локалното раководство и сите институции вклучени во реализацијата на овој зафат.

    „Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно. Така што уште еднаш нека ни е со среќа и нека ни се множат вакви проекти“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.