Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Медиумите од српската мрежа почнаа со работа, Владата им овозможува пристап до настани
    • Полицијата во шок откако при контрола стопирале „Форд“ со дебарски регистарски ознаки
    • Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу надлежните министерства на Северна Македонија и Турција
    • Димитриеска-Кочоска за растот на БДП: Не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет
    • Измерени 9 степени во Македонија – еве каде утрово беше најстудено
    • Отишле на „Тиквешки гроздобер“ со дрога: Полицијата приведе двајца пијани кавадарчани
    • Романец летал со 163 км/ч кај Демир Капија, уапсен на Табановце преку „Безбеден град“
    • Цела кеса дрога пронајдена во автокамп во Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Медиумите од српската мрежа почнаа со работа, Владата им овозможува пристап до настани

    Кузеска: Медиумите од српската мрежа почнаа со работа, Владата им овозможува пристап до настани

    05.09.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за присуството на српската медиумска мрежа во Македонија и постапувањето на државните институции.

    Од опозициската партија посочуваат дека медиумите веќе функционираат на терен без потребните дозволи.

    „Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин. На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани“, истакна Кузеска.

    Таа ја отвори дилемата за постапките што претходно беа најавени од страна на надлежните тела.

    „Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Дали ова значит дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара?“, прашуваат од СДСМ.

    Според СДСМ, ова претставува обид за контрола врз медиумскиот простор.

    „Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми“, изјави Кузеска.

    Од партијата предупредуваат за можни последици врз демократскиот амбиент и изразија поддршка за новинарите.

    „Наскоро медиумски мрак и во Македонија – во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски“, заклучи Кузеска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Осум недели се крие извештајот за водата во Гостивар, институциите молчат

    05.09.2026 во 10:54

    „Вреди“: Македонија стана дел од Вертикалниот гасен коридор, се намалува зависноста од еден извор

    05.09.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.