Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Косово: Обвинети 35 лица за воени злосторства во 1998 година
    • Сиљановска-Давкова ги додели признанијата „Инженерски прстен“ на најуспешните млади инженери
    • Пијан маж дивеел во полициска станица: Откако нападнал полицајци, го оштетил инвентарот
    • Мајка ќе одговара за насилство врз сопственото дете
    • Бројот на загинатите во поплавите во Тибет достигна 31, исчезнати 531 лице
    • Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, Божиновска потпиша Меморандум во Солун
    • СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
    • ЈПДП: Мостот на Маркова Река саниран пред предвидениот рок, од утре се пушта во целосна функција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Косово: Обвинети 35 лица за воени злосторства во 1998 година

    Косово: Обвинети 35 лица за воени злосторства во 1998 година

    04.09.2026 во 18:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Специјалното обвинителство на Косово денеска поднесе обвинение пред Специјализираното одделение на Основниот суд во Приштина против 35 лица за воени злосторства извршени во 1998 година во населбата Јашари во Преказ.

    Главниот обвинител на Специјалното обвинителство, Бљерим Исуфај, на прес-конференција изјави дека обвинението се однесува на убиство на цивили во населбата Јашари и нагласи дека во овој случај работата била спроведена со посебно внимание со цел изнесените наводи да бидат докажани.

    – Значењето на ова обвинение е посебно и поради фактот што станува збор за прво обвинение кое се однесува на убиство на цивили во населбата Јашари во Преказ – рече Исуфај, додавајќи дека сега Судот треба да го оцени обвинението и доказите изнесени во него.

    Обвинителот Валдет Гаши го оцени случајот како многу сложен и истакна дека обвинението е резултат на повеќегодишна истражна работа на Обвинителството.

    – Врз основа на собраните докази успеавме да потврдиме основано сомнение дека обвинетите опфатени со ова обвинение го сториле кривичното дело „Воено злосторство против цивилното население“, како резултат на нивните постапки за време на настаните на 5, 6 и 7 март 1998 година во селото Долно Преказ, конкретно во населбата Јашари – рече Гаши.

    Српските сили тогаш го опколиле и го нападнале семејниот комплекс на Адем Јашари, еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Според податоците на Специјализираните совети на Косово во Хаг, за време на нападот биле убиени 59 Албанци, а биле погребани телата на 58 лица. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ исто така наведува дека биле убиени 58 лица, меѓу кои жени, деца и постари лица – главно членови на семејството Јашари и други лица кои во тој момент се наоѓале во нивните куќи.

    Прочитај повеќе

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.