Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Економијата порасна за 4,3 проценти во вториот квартал, Филипче пласира неточни бројки
    • Меџити: Започнуваме заедничка платформа за превенција на врсничкото насилство во училиштата во Чаир
    • Драстично скокна цената на нафтата
    • Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми
    • Убиени и закопани две жени додека собирале печурки во Подтесово – убиецот не е човек
    • Вучиќ: Во Србија, јас бев единствениот што беше прислушкуван нелегално
    • Почина Касандра
    • Имиња на познати политичари и бизнисмени прочитани од телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Економијата порасна за 4,3 проценти во вториот квартал, Филипче пласира неточни бројки

    Стојаноски: Економијата порасна за 4,3 проценти во вториот квартал, Филипче пласира неточни бројки

    03.09.2026 во 17:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција ги демантираше изнесените ставови на лидерот на опозицијата, Венко Филипче, посочувајќи дека беа изнесени несериозни и неточни економски показатели.

    Според Стојаноски, официјалните податоци од Државниот завод за статистика потврдуваат позитивни движења и стабилен раст на домашното стопанство.

    „За мене, и како пратеник и како политичар, е шокантно лидер на опозицијата да излезе од македонското Собрание и да презентира бројки што се целосно несериозни и неточни. Особено изненадува начинот на кој се толкуваат економските показатели, од аспект што е целосно нереален и кој не се темели врз официјални податоци“, изјави Стојаноски.

    Тој посочи дека последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека македонската економија во вториот квартал од 2026 година остварила раст од 4,3 проценти, што претставува највисок резултат во изминатите четири години.

    „Истовремено, продолжува позитивниот тренд на раст на македонската економија во осум последователни квартали, при што растот е повисок од 3 проценти. Сметам дека ваквиот континуитет е исклучително значаен“, нагласи Стојаноски, додавајќи дека главни двигатели се градежништвото со раст од 21,9 проценти и бруто-инвестициите со раст од 14,5 проценти.

    Осврнувајќи се на обвинувањата во врска со јавниот долг и најавите за нови задолжувања, Стојаноски појасни дека станува збор за подготовки за сервисирање на претходно преземени обврски.

    „А наредната година, како и во годините потоа, Република Македонија и сите нејзини граѓани треба да сервисираат околу 8 милијарди евра долг, создаден во периодот на Владата на СДСМ и ДУИ, во која министер беше и Венко Филипче. Оваа година досега се сервисирани 1,5 милијарди евра. Во 2027 година треба да се сервисираат 1,5 милијарди евра, во 2028 година – 1,9 милијарди евра, 2029 1,3 милијарди евра, а во 2030 година – 1,4 милијарди евра“, рече тој.

    Пратеникот нагласи дека во моментов јавниот долг изнесува 58,8 проценти, за разлика од крајот на јуни 2024 година кога надминувал 60 проценти, апелирајќи политичките актери во своите анализи да се потпираат исклучиво на официјалните статистички податоци.

    Прочитај повеќе

    Имиња на познати политичари и бизнисмени прочитани од телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов

    03.09.2026 во 15:55

    Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

    03.09.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.