Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Нови протоколи во училиштата: Ќе се кратат часови ако е многу жешко

    02.09.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шасивари и Солстром разговараа за поддршката од Шведска во правосудните реформи
    • Полицијата упадна во дом во Битола: Пронајдени 42 пакувања со дрога
    • УХМР соопшти какво време нè очекува утре и во текот на следната недела
    • УХМР издаде метеоаларм: Високи температури на територијата на цела држава
    • Загрижувачки податоци на УНИЦЕФ: Секој петти тинејџер е жртва на сексуално вознемирување на интернет
    • МВР: За пет часа казнети 189 пешаци низ Македонија, 159 од нив не поминувале на пешачки
    • Полициски претрес во Кратово: Пронајдена марихуана кај 28-годишник
    • Гостивар: Се расправале па ја натепал сопругата, за три часа сам се пријавил во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари и Солстром разговараа за поддршката од Шведска во правосудните реформи

    Шасивари и Солстром разговараа за поддршката од Шведска во правосудните реформи

    03.09.2026 во 12:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продлабочување на соработката со Кралството Шведска во реформите на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција беше тема на денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.

    Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка на Шведска , особено преку UNOPS и ангажманот на експерти, која придонесува за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на законодавството со европските стандарди.

    „Шведска е наш значаен партнер во процесот на реформи. Верувам дека преку експертиза, размена на искуства и конкретна поддршка можеме уште посилно да ги унапредиме институциите и да испорачаме подобри услуги за граѓаните“, потенцира министерот Шасивари.

    На средбата беа разгледани тековните реформи поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности, како и обврските од Реформската агенда во областа на владеењето на правото. Се дискутираше и за можностите за нови заеднички иницијативи, особено во дигитализацијата на правосудството, пристапот до правда, човековите права и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓународната правна помош меѓу двете земји се одвива непречено, без отворени прашања кои би ја попречувале соработката.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието

    03.09.2026 во 10:27

    СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните

    03.09.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.