Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Софија го прави жртва а тој во Македонија се обидел да убие човек, вршел рекет и тортура

    Софија го прави жртва а тој во Македонија се обидел да убие човек, вршел рекет и тортура

    03.09.2026 во 09:53Updated:03.09.2026 во 09:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Симеон Михаилов, таткото на Ива Михаилова, чиј случај деновиве предизвика голем интерес во бугарската јавност, во дел од тамошните медиуми ја оспорува пресудата против него и тврди дека бил жртва на монтиран процес и дека му бил одземен бизнисот. Македонските институции, сепак, го бараат со активна меѓународна потерница за издржување правосилна затворска казна од 12 години и шест месеци.

    Михаилов е еден од осудените во случајот „Детонатор“. Според податоците објавени од македонските медиуми по потврда од МВР, тој е правосилно осуден за обид за убиство, а случајот „Детонатор“ опфаќал и кривични дела како насилство, лихварство, изнуда и злосторничко здружување. Првично му била изречена доживотна казна, која во понатамошната судска постапка била намалена на 12 години и шест месеци.

    Станува збор за обидот за убиство на Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, со експлозивна направа поставена под неговото возило во скопски Аеродром. Михаилов во 2014 година бил екстрадиран во Македонија откако бил уапсен во Италија, а подоцна повторно станал недостапен за македонските органи.

    Случајот повторно се актуелизираше откако Михаилов јавно се појави во Софија и даде изјави за бугарски медиуми во одбрана на својата ќерка Ива, на која во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици.

    По неговото јавно појавување во Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски побара Софија да постапи по потерницата и да го испорача Михаилов. Од Министерството за правда соопштија дека постапка за екстрадиција може да започне откако од бугарските власти ќе добијат известување дека лицето е лоцирано или уапсено, а такво известување до 2 септември немало.

    Прочитај повеќе

    58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

    19.10.2026 во 23:12

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.