Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните

    СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните

    03.09.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови, велат од СДСМ.

    „Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

    Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг.

    Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации.

    Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП.

    Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери.

    Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.

    Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра.

    Буџетот денес е околу 7 милијарди евра.

    Од повеќе пари народот не добива ништо.

    Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите.

    Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените.

    Ништо нема за народот, само нови долгови.

    Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

    Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.