Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Наставниците да не се грижат – во март им растат платите
    • Каролина Гочева блесна во креација на Марков за 35 години независност 
    • Чаир: 13 годишното дете нема да одговара за бодење во срце – брат му во притвор
    • Кузевска: Мицкоски повторно ја задолжува Македонија
    • Мицкоски и Николоски се возеа со „Градскиот воз“ – Првата линија официјално промовирана
    • Го фатиле на дело па ги „издал“ и пријателите – Македонската полиција уапси три лица
    • Преку 30 степени уште во 11 часот – УХМР најавува промена попладнево
    • Лефков: „Филипче на иста линија со Кина, против стратешкиот партнер САД“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Наставниците да не се грижат – во март им растат платите

    Јаневска: Наставниците да не се грижат – во март им растат платите

    02.09.2026 во 12:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наставниците ќе добијат ново зголемување на платите во март 2027 година, согласно договореното со СОНК, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

    „Тие се безбедни, не треба да мислат на платите, платите ќе се покачуваат секоја година. Следната година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците“, изјави Јаневска при посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

    Таа се осврна и на оптимизацијата на училишната мрежа, посочувајќи дека намалувањето на бројот на ученици довело до затворање на дел од подрачните училишта и спојување паралелки.

    Според податоците на МОН, годинава има околу 3.000 првачиња помалку од лани, 26 подрачни училишта привремено се затвораат, а вкупно 148 училишни објекти се без ученици. Во учебната 2026/2027 година ќе има и 433 паралелки помалку – 222 во основното и 211 во средното образование.

    Јаневска оцени дека состојбата е критична и дека оптимизацијата е неопходна за учениците да имаат подобри услови, поголема социјализација и поквалитетна настава.

    Според неа, резултатите од реформите што сега се спроведуваат во образованието може да се очекуваат најрано за пет до шест години, а оптимално за девет до десет години.

    Прочитај повеќе

    Чаир: 13 годишното дете нема да одговара за бодење во срце – брат му во притвор

    02.09.2026 во 11:39

    Кузевска: Мицкоски повторно ја задолжува Македонија

    02.09.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.