Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече „најава за државен тероризам“ пораката на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека рускиот воздушен простор ќе стане сè поопасен и „де факто ќе биде затворен“ поради украинските беспилотни летала. Тој исто така рече дека Русија ќе одговори доколку нападите доведат до трагедии поврзани со цивилното воздухопловство.
Путин зборуваше за ова со новинарите во Бишкек по самитот на Шангајската организација за соработка.
„Не сум слушнал такви изјави, но ако е кажано гласно, тогаш тоа е едноставно најава за државен тероризам“, рече Путин.
Потоа ја поврза изјавата на Зеленски со преговорите за завршување на војната.
„Го привлекувам вниманието на фактот дека тие бараат од нас да продолжиме со преговорите, бараат лични средби. Нема преговори со терористи. Тоа е првото нешто. И второ, ако, не дај Боже, се случат вакви трагедии, ќе најдеме начин да одговориме. Никој нека не се сомнева во тоа“, рече Путин.

