Управата за хидрометеоролошки работи ја објави временската прогноза за цела недела во Македонија.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, сончево и многу топло време ќе преовладува и утре претпладне, додека во попладневните часови повторно ќе има услови за нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

