Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски и Николоски со воз од Зелениково до Скопје: Стартува „Градски воз“
    • Судењето за трагедијата во Кочани продолжува: Вештаци од Градежен пред судот
    • Пратениците се враќаат во собраниските клупи: 53 точки на дневен ред
    • Јаневска во „Љубен Лапе“: Четвртоодделенците ќе добијат таблети
    • Времето денеска и утре со „две лица”: Пеколна жештина, па невреме со град и силен ветер
    • Се очекува пад на температурите до 20 степени – регионот го очекува големо заладување
    • Хозе Карерас и македонските ѕвезди ја испејаа „Едно име имаме“ на плоштадот во Скопје
    • Сакал да одбрани жена која била вознемирувана, па добил расекотина на лицето: Српски херој заврши во болница во Берлин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Николоски со воз од Зелениково до Скопје: Стартува „Градски воз“

    Мицкоски и Николоски со воз од Зелениково до Скопје: Стартува „Градски воз“

    02.09.2026 во 07:552 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, како и дел од скопските градоначалници, денеска ќе патуваат со воз од железничката станица Зелениково до Новата железничка станица Скопје.

    Со ова патување официјално ќе биде промовиран проектот „Градски воз“, кој стартуваше со пуштањето во функција на железничката линија Зелениково – Скопје.

    Симболичното патување ќе се реализира на првата од трите предвидени линии, која ги опфаќа станиците Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево, Лисиче и Новата железничка станица Скопје.

    За потребите на проектот „Градски воз“, „Железници Инфраструктура“ изврши целосна реконструкција на пругата со цел подобрување на условите и зголемување на капацитетот и брзината на железничкиот сообраќај.

    Сообраќајот на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје ќе се одвива со три возови, според утврден ред на возење на МЖ „Транспорт“.

    Од Владата велат дека целта на проектот е да се обезбеди побрз, поефикасен и подостапен јавен превоз за жителите на Скопје и околните населени места, преку подобро поврзување на периферните делови со централното градско подрачје.

    Проектот, како што информираат од Министерството за транспорт, треба да овозможи пократко и поевтино патување, помалку чекање и поефикасен јавен транспорт.

    „Особено значајно е што проектот „Градски воз“ се интегрира и со сообраќајниот ред на ЈСП, со што се добива поквалитетен и интегриран јавен превоз за граѓаните, студентите и учениците“, велат од Министерството.

    Во тек е и проектирањето на втората и третата линија на „Градски воз“. Втората линија ќе се протега од Новата железничка станица, преку Бутел и Скопје-Север, до Ѓорче Петров, додека третата ќе ја поврзува Новата железничка станица со Автокоманда, Маџари и Илинден.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Судењето за трагедијата во Кочани продолжува: Вештаци од Градежен пред судот

    02.09.2026 во 07:54

    Пратениците се враќаат во собраниските клупи: 53 точки на дневен ред

    02.09.2026 во 07:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.