Дваесетгодишна девојка од скопско вчера пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната заедно со нејзината мајка од страна на нејзиниот татко.
Според пријавеното, инцидентот се случил на 29 август околу 23 часот во семејниот дом, по претходна расправија. При нападот, таткото ѝ го оштетил и мобилниот телефон на 20-годишната девојка.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

