Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тргна „Градскиот воз“: Првата линија носи патници од Зелениково до Скопје
    • Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа
    • Нова инвестиција во образованието: Мицкоски ќе ја пушти во употреба доградбата на „Ацо Шопов“
    • Ќе нема вода од 8:30 – Водовод информира каде ќе има исклучувања низ Скопје
    • Ќе заѕвони првото училишно ѕвонче: 238 илјади ученици се враќаат во клупите
    • Вкрстено испрашување на градежните вештаци – Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“
    • Нова учебна година, нова кампања: Јаневска ќе зборува за врсничкото насилство
    • Каква е состојбата со западнонилската треска – Прес-конференција на Клековски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тргна „Градскиот воз“: Првата линија носи патници од Зелениково до Скопје

    Тргна „Градскиот воз“: Првата линија носи патници од Зелениково до Скопје

    01.09.2026 во 08:112 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градскиот воз од денеска е пуштен во сообраќај, а првата од планираните три линии ќе ги поврзува Зелениково и Новата железничка станица во Скопје.

    Возот ќе сообраќа преку Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, со што жителите од овие населени места ќе добијат директна железничка врска со главниот град.

    За реализација на проектот, ЈП „Железници Инфраструктура“ изврши реконструкција на железничката пруга на оваа делница, со цел да се подобрат условите за сообраќај и да се овозможи поголема брзина и капацитет на линијата.

    Релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје ќе ја опслужуваат три возови, а сообраќајот ќе се одвива според однапред утврден возен ред од страна на „МЖ Транспорт“.

    Од Министерството за транспорт велат дека со „Градски воз“ се очекува да се овозможи побрз, поефикасен и поевтин начин на патување за граѓаните од приградските населби, но и за оние кои се движат кон централното градско подрачје.

    Проектот има за цел подобро поврзување на периферните делови со Скопје, со пократко време на патување и помалку чекање. Дополнително, возниот ред е усогласен со линиите на ЈСП, што треба да овозможи полесно комбинирање на железничкиот и автобускиот превоз.

    Во меѓувреме, се работи и на подготовка на преостанатите две линии. Едната е планирана да ги поврзува Новата железничка станица со Ѓорче Петров, преку Бутел и Скопје-Север, додека втората би се движела од Новата железничка станица преку Автокоманда и Маџари до Илинден.

    Официјалното претставување на проектот е најавено за утре. На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, претставници на „Железници Инфраструктура“ и „МЖ Транспорт“, како и градоначалникот на Скопје Орце Ѓеоргиевски и градоначалниците на Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

    Како дел од промоцијата, предвидено е присутните симболично да го означат стартот на проектот со возење од железничката станица во Зелениково до Новата железничка станица во Скопје.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа

    01.09.2026 во 08:07

    Нова инвестиција во образованието: Мицкоски ќе ја пушти во употреба доградбата на „Ацо Шопов“

    01.09.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.