Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Ја силувал сопругата, па ја претапал и ќерка му: 37-годишник заврши зад решетки
    • Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пратениците утре ќе се вратат на работа – можна ли е блокада на Собранието?

    Пратениците утре ќе се вратат на работа – можна ли е блокада на Собранието?

    31.08.2026 во 17:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието утре ја одржува првата пленарна седница по летните одмори, со 53 точки на дневен ред, но без законите за кои е потребно Бадентерово мнозинство.

    Во јавноста се појавија информации дека законите кои се носат со двојно мнозинство би можеле да бидат ставени на посебна седница, откако ДУИ најави блокади на дел од нив. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска не потврди дали ќе има посебна седница, но рече дека при утврдувањето на дневниот ред ќе се земат предвид итноста, политичката волја и реформската агенда.

    Гаши информираше дека на денешната координација присуствувал претставник на ДУИ, но дека не се разговарало за најавените блокади.

    Тој најави дека ќе побара Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да разгледа дали опозицијата ги злоупотребува процедуралните можности и тактиките за одолговлекување на собраниските седници.

    Меѓу законите за кои е потребно Бадентерово мнозинство се неколку закони од областа на образованието, Законот за правична застапеност, Законот за локална самоуправа и законски решенија поврзани со раководни позиции.

    ДУИ претходно најави дека ќе ги блокира законите за кои смета дека се спротивни на Охридскиот рамковен договор. СДСМ, пак, обвинува дека станува збор за договорено сценарио меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кое треба да доведе до предвремени парламентарни избори. Гаши денеска повтори дека лично смета оти изборите треба да се одржат во редовен термин.

    На утрешната седница, меѓу другото, се и изборот на вицегувернер на Народната банка, повеќе ратификации, Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, како и Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026–2030 година.

    Прочитај повеќе

    Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата

    19.10.2026 во 15:15

    Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?

    19.10.2026 во 14:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.