Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од утре нови правила на Аеродромот Скопје: Едно возило во зоната „Hug & Fly“ на аеродром може да влезе еднаш во 24 часа
    • Ристовска Додевски: Левица и СДС во Центар гласаа против намалување на цените на ПОЦ
    • Се легализира пешачкиот премин кај Бит-пазар, пристигнуваат и 100 електрични автобуси во Скопје
    • Проектот „Градски воз“ стартува утре, во среда официјално ќе го промовираат Мицкоски и Николоски
    • Муцунски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија
    • Каде е најтопло денеска – Ова се температурите измерени во 14 часот низ Македонија
    • ЦУК со најнови информации: Активни се девет пожари на отворено, три се под контрола
    • Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од утре нови правила на Аеродромот Скопје: Едно возило во зоната „Hug & Fly“ на аеродром може да влезе еднаш во 24 часа

    Од утре нови правила на Аеродромот Скопје: Едно возило во зоната „Hug & Fly“ на аеродром може да влезе еднаш во 24 часа

    31.08.2026 во 15:261 Min Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од утре, 1 септември, стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Возилата и натаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но истото возило ќе може да ја искористи оваа можност само еднаш во период од 24 часа.

    Новите правила ќе се спроведуваат преку систем за автоматско препознавање и евидентирање на регистарските таблички.

    Тоа значи дека возило кое еднаш во текот на денот го искористило бесплатниот десетминутен престој, при повторно доаѓање во следните 24 часа нема да може повторно бесплатно да ја користи оваа зона.

    За возачите на кои им е потребно подолго задржување или повеќекратно доаѓање на аеродромот, останува на располагање главниот паркинг пред терминалот, кој располага со 1.200 места за автомобили и шест места за автобуси, каде цената за паркирање започнува од 100 денари за престој до еден час.

    Новото правило веќе предизвика реакции кај дел од такси-превозниците кои повеќепати дневно превезуваат патници до аеродромот, посочувајќи дека ограничувањето ќе им создаде дополнителни трошоци во работењето. Од ТАВ Македонија, пак, порачуваат дека промената е неопходна за спречување на злоупотребите, намалување на метежот и обезбедување побрз проток на возила пред терминалот.

    Прочитај повеќе

    Ристовска Додевски: Левица и СДС во Центар гласаа против намалување на цените на ПОЦ

    31.08.2026 во 15:13

    Се легализира пешачкиот премин кај Бит-пазар, пристигнуваат и 100 електрични автобуси во Скопје

    31.08.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.