Close Menu
Press24
    Најново

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Грчките земјоделци со трактори тргнуваат кон Солун
    • Од почетокот на годинава дизелот поскапел за 30 денари по литар – бензинот за 24
    • Драма на Клинички: Разбојник нападнал вработена откако го фатила во кражба, полицијата го уапси на лице место
    • Полицијата остана во шок во Тетово: Сопреле „бмв“, па откриле кој го управувал
    • Во најелитното основно училиште во Скопје од утре настава ќе почне онлајн – не завршиле градежните активности
    • (ФОТО) „Секој живот е вреден“ – Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче паднато во бунар длабок 7 метри
    • Штерјова: Скопјани сè уште немаат редовен јавен превоз, бараме одговорност за состојбата во ЈСП
    • Стефковски потсетува: Без мобилни телефони и електронски уреди за време на наставата во Гази Баба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчките земјоделци со трактори тргнуваат кон Солун

    Грчките земјоделци со трактори тргнуваат кон Солун

    31.08.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките земјоделци најавија нов протест на 5 септември во Солун, каде со трактори ќе се соберат во центарот на градот, кај Белата кула.

    Протестот е закажан за денот на отворањето на 90. Меѓународен саем во Солун, неколку часа пред традиционалното обраќање на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој се очекува да ги претстави економските приоритети и плановите на Владата.

    Одлуката за мобилизацијата била донесена на состанок на Панхеленскиот комитет на земјоделските блокади во Неа Малгара. Во протестот се очекува да учествуваат земјоделци од повеќе региони, а најавено е присуство и на сточари, пчелари и рибари.

    Главните причини за незадоволството остануваат високите трошоци за гориво и електрична енергија, поскапувањето на ѓубривата, сточната храна и другите репроматеријали, како и проблемите со исплатата на субвенциите и обесштетувањето.

    Земјоделските организации сметаат дека производствените трошоци растат побрзо од приходите и предупредуваат дека за дел од производителите земјоделството станува економски неодржливо.

    Новата мобилизација следува по повеќемесечните протести и блокади кои започнаа кон крајот на 2025 година и продолжија на почетокот на годинава. Во тој период беа блокирани повеќе патишта и гранични премини, меѓу кои и Евзони, што предизвикуваше проблеми и за патниците од Македонија.

    Засега нема најава дека на 5 септември ќе биде блокиран граничниот премин Евзони. Во Солун, сепак, се очекуваат засилени безбедносни мерки и можни ограничувања во сообраќајот поради протестот и отворањето на Меѓународниот саем.

    Прочитај повеќе

    Си го прегазил едногодишното дете со автомобил, па ја лажел полицијата дека паднало од покрив – Ужас во Беране

    31.08.2026 во 13:03

    Испливаа морничави детали поврзани со мртвото бебе во Грција – во станот пронајдено и бремено дете

    31.08.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.