Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата
    • Голема среќа за еден знак: Денеска му се отвораат сите врати
    • Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето
    • Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба
    • Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Вратете ги 6-те милиони евра за Булеварот „Хасан Приштина“

    ДУИ: Вратете ги 6-те милиони евра за Булеварот „Хасан Приштина“

    31.08.2026 во 11:012 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес сме тука да ја пренесеме сериозната загриженост на граѓаните во врска со судбината на Булеварот „Хасан Приштина“ – Качанички пат, во Визбегово, и со 6-те милиони евра обезбедени за реализација на овој проект. Ова не е нов проект, ниту изборно ветување. Во 2023 година, Министерството за транспорт и Градот Скопје формираа заедничка комисија за изработка на урбанистичкиот план. Планот беше подготвен, усогласен и усвоен, се наведува во соопштението на ДУИ од прес-конференцијата на Беким Реџепи.

    Интегрален текст:

    Беше предвидена изградба и проширување на Булеварот „Хасан Приштина“, како важна сообраќајна артерија за поврзување на Скопје со Блаце и Косово.

    За време на владеењето ДУИ–СДСМ, за овој проект беа обезбедени 6 милиони евра наменски средства.

    Значи, проектот беше планиран, планот беше усвоен и парите беа обезбедени. Но денес, Владата на ВМРО-ДПМНЕ–ВЛЕН ги пренамени овие 6 милиони евра за друг проект – подземната улица на Јужниот булевар.

    А тоа се случува во исто време кога Владата организира церемонии за продолжувањето на автопатот Скопје–Блаце.

    Затоа прашањето е едноставно:

    Каква е логиката да се гради автопат кон Блаце, ако патот што треба да го поврзе со Скопје останува со тесни делови, колони и секојдневен сообраќаен хаос? Не може да се гради автопатот кон Блаце, а истовремено да се земаат парите од патот што треба да го поврзе со Скопје.

    Затоа ДУИ јавно прашува: Зошто се жртвува Булеварот „Хасан Приштина“?

    И имаме прашање и до ВЛЕН: Ќе молчи ли кога се земаат 6 милиони евра од проект што директно засега илјадници граѓани?

    Граѓаните немаат потреба од церемонии и фотографии. Имаат потреба од патишта. Имаат потреба од решенија.

    Затоа нашето барање е јасно: ВРАТЕТЕ ГИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА !

    Вратете ги средствата за Булеварот „Хасан Приштина“. Проширете го Качаничкиот пат и направете ја врската Скопје–Блаце функционална.

    ДУИ нема да молчи. Ќе бараме конкретни одговори: Зошто беа земени 6-те милиони евра? И кога ќе започнат работите на Булеварот „Хасан Приштина“?

    Само една неодговорна Влада може да дозволи проект за кој има обезбедени средства и подготвена документација да не се реализира, само поради сопствени политички каприци.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт

    07.10.2026 во 08:29

    СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра

    07.10.2026 во 08:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.