Тажна вест ја обиколи Македонија, од училиштето „Маршал Тито” во Струмица информираа за смртта на нивна колешка, наставничка по Македонски јазик и библиотекар, Марија Челебиева.
-Со голема тага ја примивме веста за прераната загуба на нашата почитувана колешка Марија Челебиева, која со години беше дел од колективот на нашето училиште и со посветеност ја извршуваше својата работа како наставник по македонски јазик и библиотекар.
Нејзината љубов кон книгата, грижата за учениците и професионалниот однос кон работните обврски ќе останат трајно запаметени од сите што имаа чест да ја познаваат и да соработуваат со неа.
Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите што ја сакаа и почитуваа.
Споменот за неа ќе остане дел од нашето училиште и од срцата на генерациите ученици и колеги со кои го споделуваше своето знаење, добрина и човечност.
Посмртните останки ќе бидат изложени во градската капела во Струмица на 31.8.2026 година од 12:00 до 14:00 часот.
Нека почива во мир, стои во објавата на Основното училипте од Струмица.

