Close Menu
Press24
    Најново

    Септември почнува пеколно – есенски утра кон крајот на месецот

    29.08.2026 во 14:20

    Го возел автобусот запален за да избега од шумата – возачот на ЈСП го спасил Водно од голем пожар

    30.08.2026 во 12:00

    Месечен финансиски хороскоп за септември

    30.08.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во основните и средните училишта
    • Ангелов: Тешко е на Пелистер но нема повредени пожарникари
    • Вучиќ пред пораз на следните избори?
    • Патнички брод со 279 луѓе се преврте кај Кипар – во тек голема спасувачка акција
    • Сејф Сити го снимил 2 пати: Србин уапсен на Табановце бидејќи летал со 170км/ч
    • Муцунски утре на Бледскиот стратешки форум
    • ВИДЕО: Автомобил се запали и целосно изгоре на раскрсницата кај Мавровка
    • ЗНАМ: Китановиќ да понесе одговорност – Младиќ е воен злосторник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во основните и средните училишта

    Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во основните и средните училишта

    30.08.2026 во 14:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува построги правила во основните и средните училишта, меѓу кои забрана за користење мобилни телефони и внесување нездрава храна.

    Новата учебна година во Албанија почнува на 14 септември, а учениците уште на првиот училишен ден ќе бидат запознаени со правилата кои ќе треба строго да ги почитуваат.

    Во секое одделение ќе се објаснуваат безбедносните правила, кодексот на облекување, забраната за мобилни телефони и нездрава храна, како и принципите на меѓусебно почитување и соживот во училишната заедница.

    Во процесот ќе бидат вклучени наставниците, психосоцијалните служби, обезбедувањето и останатиот училиштен персонал, со цел правилата да бидат јасно разбрани и доследно применувани.

    Новина е и воведувањето систем за проценка и управување со ризици во училиштата. Локалните образовни канцеларии ќе назначуваат координатори за ризик, а училиштата ќе бидат класифицирани според степенот на ризик. Во дел од нив веќе се поставени и безбедносни камери.

    Проценките ќе се прават преку анкети, докази и физички проверки на училиштата, а директорите ќе имаат обврска да преземаат мерки за намалување на утврдените ризици и да соработуваат со општините, полицијата и здравствените служби.

    Како еден од главните приоритети за новата учебна година е наведена и превенцијата од насилство, малтретирање и насилен екстремизам, со посилен акцент на соработката меѓу училиштата, родителите и локалната заедница.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ пред пораз на следните избори?

    30.08.2026 во 14:05

    Силен земјотрес во Албанија

    30.08.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.