Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
    • Цветаноски: Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија
    • ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сејф Сити го снимил 2 пати: Србин уапсен на Табановце бидејќи летал со 170км/ч

    Сејф Сити го снимил 2 пати: Србин уапсен на Табановце бидејќи летал со 170км/ч

    30.08.2026 во 13:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е приведен на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека летово двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

    Според МВР, Д.П. бил лишен од слобода синоќа во 23:20 часот, на излез од државата. При проверка на „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека во два наврати бил евидентиран за „безобѕирно управување со моторно возило“.

    Првиот случај бил регистриран на 22 јули на автопатот А1 во близина на Демир Капија, кога возел со 163 километри на час на делница каде ограничувањето е 80 километри на час.

    На истата делница, на 20 август, повторно бил снимен како вози со 169 километри на час, повторно на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

    По приведувањето, српскиот државјанин бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

    Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

    Прочитај повеќе

    Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари

    20.10.2026 во 12:48

    Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт

    20.10.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.