Close Menu
Press24
    Најново

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06

    Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики

    04.05.2026 во 22:37

    Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани

    04.05.2026 во 22:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Тензии во Заливот: Иран ги нападна ОАЕ со ракети и дронови, има повредени
    • Божиновска-Варнс: Стратешкото партнерство во енергетиката со САД сега влегува во фаза на конкретна реализација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » НАТО: Робусно ќе одговориме на неодговорните постапки на Русија

    НАТО: Робусно ќе одговориме на неодговорните постапки на Русија

    23.09.2025 во 14:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Русија сноси целосна одговорност за упадите во воздушниот простор на земјите членки на НАТО, кои зачестуваат, претставуваат ризик од погрешна проценка и загрозуваат животи, па затоа тие мора да престанат, порача денеска Северноатлантскиот совет по состанокот на ниво на амбасадори на земјите членки на Алијансата во Брисел.

    Состанокот беше одржан претпладнево на барање на Естонија поради нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на три руски борбени авиони на 19 септември.

    – Овој упад е дел од поширок модел на се понеодговорното руско однесување. Ова е втор пат за две недели Северноатлантскиот совет да одржува консултации, по големото нарушување на полскиот воздушен простор од страна на руски дронови. Неколку други сојузници, меѓу кои и Летонија, Литванија, Норвешка, Романија и Финска, исто така неодамна доживеаја повреди на воздушниот простор од страна на Русија. Изразуваме целосна солидарност со сите сојузници, чиј воздушен простор е нарушен, се наведува во изјавата на Северноатлантскиот совет.

    На состанокот врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генералот Алексус Гринкевич ги информирал амбасадорите за упадот на руските ловци Миг-31 во естонскиот воздушен простор и за „брзиот и решителен“ одговорот на НАТО со испраќања на авиони да ги пресретнат леталата и да ги придружуваат додека се наоѓале над територијата на Естонија.

    – Одговорот на НАТО на неодговорните постапки на Русија ќе продолжи да биде робустен. На 12 септември, ја лансиравме иницијативата „Источната стража“ за да ја зајакнеме позицијата на НАТО на целото источно крило. Ќе ги засилиме нашите капацитети и ќе го зајакнеме нашето одвраќање и одбранбена позиција, вклучително и преку ефикасна противвоздушна одбрана, се наведува во изјавата.

    Северноатлантскиот совет порачува и дека Русија не треба да има сомнежи дека сојузниците од НАТО ќе ги користат сите потребни воени и невоени алатки во согласност со меѓународното право, за да се одбранат и да ги одвратат заканите од сите страни.

    – Ќе продолжиме да одговараме на начин, време и домен по наш избор. Овие и други неодговорни постапки на Русија нема да ги обесхрабрат сојузниците во нивните трајни обврски за поддршка на Украина, чија безбедност придонесува и за нашата, како и во остварувањето на нејзиното вродено право на самоодбрана против бруталната и неиспровоцирана руска агресивна војна, се додава во изјавата на Северноатлантскиот совет.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати

    04.05.2026 во 22:08

    Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај

    04.05.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.