ДУИ ја продолжи политичката полемика со ВЛЕН, обвинувајќи ја коалицијата дека избегнува јавно да го спомене вицепремиерот Иван Стоилковиќ во контекст на реакциите поврзани со Ратко Младиќ и ставовите за Сребреница.
Од ДУИ прашуваат зошто ВЛЕН реагира на поединечни случаи, но, како што велат, не се осмелува директно да се огради од Стоилковиќ, кој е дел од истата Влада.
„Зошто не се осмелувате да го споменете Иван Стоилковиќ?“, прашуваат од ДУИ, обвинувајќи ја коалицијата дека применува двојни стандарди и дека политичкиот интерес го става пред принципиелната осуда на величењето на осудени воени злосторници.
Од партијата потсетуваат и на претходните ставови и настапи на Стоилковиќ поврзани со Сребреница, оценувајќи дека токму тие треба да бидат предмет на јасна политичка реакција од ВЛЕН.
ДУИ тврди дека ВЛЕН, како дел од владејачката коалиција, не може да се однесува како опозиција и само да објавува соопштенија, туку мора да преземе политичка одговорност за постапките и ставовите на партнерите во Владата.
Од партијата повторуваат дека молкот или избегнувањето јасна осуда, според нив, значи политичка соодговорност.

