Невреме проследено со силен ветер и синоќа нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.
Делови од градот беа без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.
Блокирани беа неколку патни правци околу Кочани. Стопиран сообраќајот на излезот од градот кон Виница, поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”.
Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани беше непрооден поради големи количини вода.
Екипи на ТППЕ и полицијата излегоа на терен и ги преземаа неопходните активности.
Искршени стебла и гранки можеше да се забележуваат на повеќе локации во Кочани

