Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од турските серии Турција заработува над 1 милијарда долари годишно

    Од турските серии Турција заработува над 1 милијарда долари годишно

    29.08.2026 во 12:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турските телевизиски серии денес се гледаат од околу една милијарда луѓе во 170 држави, а нивниот извоз на странските пазари веќе носи приходи од над една милијарда долари годишно, беше истакнато на настан во Истанбул посветен на глобалното влијание на турската телевизиска продукција.

    Шефот на турската Дирекција за комуникации, Бурханетин Дуран, изјави дека Турција денес е меѓу трите најголеми извозници на телевизиски серии во светот.

    Според него, во раните 2000-ти години извозот на турски серии на странските пазари изнесувал околу 10 милиони долари, додека денес ја надминува границата од една милијарда долари.

    Дуран оцени дека меѓународниот успех на турските серии не треба да се гледа како проект за културна хегемонија, туку како доказ за способноста на Турција да создава сопствени приказни кои успеваат да допрат до публика во различни делови од светот.

    Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, пак, посочи дека значењето на телевизиските серии одамна ја надминало само нивната економска вредност.

    Според него, популарноста на турските продукции го зголемува интересот за Турција, турскиот јазик, културата, гастрономијата и туристичките дестинации, поради што сериите се претвораат и во важен инструмент за промоција на земјата во странство.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.